Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ) Ве информира дека Maкедонската Асоцијација на Земјоделски Задруги (МАЗЗ) со потпишување на писмо за поддршка за проектот “Кон Фарми со нула јаглероден, отпаден и воден отпечаток. Патоказ за одржливи стратегии за управување со Балканскиот земјоделски сектор – BalkanRoad (Балкански пат)” одлучи да се приклучи на мрежата од засегнати чинители “ПАТ за Балканското земјоделство”, кои се дел од проектот и кои се подготвени да ги следат резултатите на проектот, и да ги претстават своите видувања за време на локалните и меѓународните настани и да ги споделат податоците и информациите кои произлегуваат од проектните активности во пошироките земјоделски, пазарни и општествени кругови, во кои тие припаѓаат.
