Посета на пилот фармата на Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ) – Тимот на Бенаки Институтот за фитопатологија (Benaki Phytopathological Institute) и координаторот на проектот BalkanROAD ја посетија пилот фармата во Македонија. За време на посетата, двата тима заеднички ги дефинираа клучните чекори на постапките за производство и прераработка на пиперките кои треба да се разгледаат во ROAD алатката, а исто така разговараа за процесите и постапките кои би можеле да се подобрат со цел да се намали влијанието врз околината на крајниот производ од оваа пилот фарма.
