Посета на пилот фармата на Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ)

Посета на пилот фармата на Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ) - Тимот на Бенаки Институтот за фитопатологија (Benaki Phytopathological Institute) и координаторот на проектот BalkanROAD ја посетија пилот фармата во Македонија. За време на посетата, двата тима заеднички ги дефинираа клучните чекори на постапките за производство и прераработка на пиперките кои треба да се разгледаат во ROAD алатката, а исто така разговараа за процесите и постапките кои би можеле да се подобрат со цел да се намали влијанието врз околината на крајниот производ од оваа пилот фарма.

Одржан вториот состанок на партнерите од проектот – BalkanRoad

Партнерите на проектот BalkanROAD се сретнаа на 12 октомври 2018 година во Скопје. На состанокот кој се одвиваше во конструктивна работна атмосфера се дискусираше за изминатите и идните активности на проектот. Во следните шест месеци и до третиот состанок на проектот, конзорциумот BalkanROAD ќе се фокусира на развивање на алатката Балкански Патоказ (софтверот) и на зголемена промоција на проектот.

состанок на проектот BalkanROAD

На 6 декември 2017 година, во Атина, Грција, се одржа транснационалниот состанок на проектот BalkanROAD. Настанот беше организиран од Бенаки Институтот за фитопатологија (Benaki Phytopathological Institute), од Грција кој е водечки партнер на проектот. На овој состанок проектот успешно стартуваше, а партнерите ги договорија следните чекори, неопходни за успешно спроведување на активностите предвидени во проектот. Состанокот се одвиваше во конструктивна атмосфера, воден од страна на домаќинот - Бенаки Институтот за фитопатологија.

Кон Фарми со нула јаглероден, отпаден и воден отпечаток. Патоказ за одржливи стратегии за управување со Балканскиот земјоделски сектор – BalkanRoad (Балкански пат)

Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ) Ве информира дека Maкедонската Асоцијација на Земјоделски Задруги (МАЗЗ) со потпишување на писмо за поддршка за проектот "Кон Фарми со нула јаглероден, отпаден и воден отпечаток. Патоказ за одржливи стратегии за управување со Балканскиот земјоделски сектор - BalkanRoad (Балкански пат)" одлучи да се приклучи на мрежата од засегнати чинители "ПАТ за Балканското земјоделство", кои се дел од проектот и кои се подготвени да ги следат резултатите на проектот, и да ги претстават своите видувања за време на локалните и меѓународните настани и да ги споделат податоците и информациите кои произлегуваат од…

No more blog posts

Close Panel